Nailner
Nailner > Корисни совети > Габични инфекции на кожата и ноктите

Габични инфекции на кожата и ноктите

Автор на текстот
Нина Фридрих, мр. фарм.

Дури 20 до 25% од популацијата во светот се соочува со габични инфекции кои спаѓаат меѓу најчестите заболувања.1

Инфекциите може да се пренесат преку животни заразени со габички или преку почва, односно тие може да се пренесат и со контакт помеѓу луѓето, а најчесто се присутни на топли и влажни површини како што се заеднички туш кабини, базени, бањи и спортски објекти.

Габичните инфекции се почести кај возрасни особи, дијабетичари, спортисти, пациенти болни од рак, пациенти со нарушувања во циркулација и периферен нервен систем и кај лица со намален имунитет. Исто така, честите повреди на ноктите и стапалата го зголемуваат ризикот од габични инфекции, особено кај постарите лица.

Габични инфекции на кожата и ноктите

Габичните инфекции се јавуваат на разни делови од телото, најчесто на ноктите, стапалата, на наборите на кожата и деловите каде кожата е влажна и топла. За овие делови карактеристично е црвенило и чешање.

Помеѓу најчестите заболувања спаѓаат габичните инфекции на стапалата и ноктите. Инфекцијата може да започне како промена на бојата (бела или жолта) на работ на ноктот на рацете или нозете. Ако габичната инфекција се прошири подлабоко во ноктот, тој се задебелува, врвовите стануваат кршливи, а бојата на ноктот станува се потемна. Инфекцијата често се јавува после претходна повреда на ноктот или на кожата и прекумерно потење на тоа место. Инфекцијата на стапалото најчесто се развива во влажните и топли делови помеѓу прстите и се шири на целото стапало. При тоа, кожата се лупи, чеша, пече и има непријатен мирис.

Габичните инфекции на кожата и слузокожата се заразни и не се лекуваат спонтано, туку бараат долготраен третман. Инфекциите кои не се третираат може да предизвикаат сериозни компликации бидејќи ја намалуваат отпорноста на кожата, што може да доведе до секундарни бактериски инфекции како резултат на олеснатиот пристап на бактериите во кожата и организмот. Габичните инфекции исто така може да се прошират и на подлабоките слоеви на кожата, а и да се пренесат на други лица.

Самолекување се применува само кога сме сигурни дека станува збор за габична инфекција.  Симптомите на габичните инфекции може многу лесно да се помешаат со други кожни инфекции и поради тоа се препорачува посета на лекар во случај да не сме сигурни која е болеста. Исто така, мораме да посетиме лекар и кога промените на кожата траат долго време или симптомите не се повлекуваат после две до три недели самолекување.

Поради различните особини на кожата и ноктите, за третман на габични инфекции на ноктите и стапалата никогаш не се користат исти препарати.
За самолекување на габични инфекции на ноктите се користат лакови и пенкала за нокти кои овозможуваат активните компоненти да продрат длабоко низ тврдото ткиво на ноктот и спречуваат ширење на инфекцијата на здравите делови од ноктот. Nailner лак и Nailner пенкало содржат млечна киселина која создава кисела средина, неповолна за развивање на габичките. За ефикасен третман на габичните инфекции на ноктите треба да се започне со редовна употреба веднаш после откривањето на габичната инфекција и третманот да трае доволно долго. Третманот на габичните инфекции на ноктите е подолг процес за разлика од лекувањето на инфекциите на кожа, и трае од 3 до 6 месеци, некогаш и повеќе.
За самолекување на габичните инфекции на кожа се употребуваат локални антимикотични препарати за кои е важно да се употребуваат во согласност со упатството за употреба и доволно долг временски период (во зависност од местото, сериозноста на инфекцијата и причинитлот).

Превентивни мерки

 

Литература:

  1. 1 Havlickova B, Czaika VA, Friedrich M. Epidemiological trends in skin mycoses worldwide. Mycoses 2008; 51 Suppl 4: 2-15.
  2. http://www.lekarnanaklik.si/p-5126-glivice-in-glivicne-okuzbe.aspx
  3. https://www.gorenjske-lekarne.si/svetovanje-clanek/glivicne-okuzbe-koze
  4. http://www.drmed.org/wp-content/uploads/2014/06/VII-72.pdf

Поврзани текстови

Габични инфекции на ноктите честа појава кај спортисти

Габичната инфекција се нарекува охиномикоза. Таа е естетски проблем, но покрај неубавиот изглед на инфицираните нокти може да предизвика и болка при одење и да ја намали способноста за извршување на некои професии, како и квалитетот на животот.

Повеќе

Каде можам да купам?

Nailner 2 во 1 лак и пенкало достапни се во аптеките.