Nailner
  • За габични инфекции на нокти

    Онихомикоза е состојба која е дефинирана како габична инфекција на ноктите на нозете и рацете. Ова не е само естетски проблем. Онихомикозата е непријатна и понекогаш болна, а пред се може да се пренесе и на други лица.

Дали сте знаеле?

Се проценува дека габична инфекција на ноктите имаат околу 10% од луѓето.

Кај повеќе од 50% од сите промени на ноктите станува збор за габични инфекции на ноктите.

Дали знаете дека повеќе од 60% од испитаниците го применуваат производот кратко време, нередовно или воопшто не го употребуваат?

Во истражување дури 77% од испитаниците одговориле дека би се чувствувале непријатно кога некој други би го забележал нивниот оштетен нокт.

Како да спречите габични инфекции на ноктите?

  • Носете памучни чорапи и удобни обувки.
  • Редовно и правилно одржувајте ја хигиената на ноктите (ноктите сечете ги право).
  • Не одете боси на јавни места, на пример базени, соблекувални.
  • Носете ракавици кога чистите влажни места.
  • Редовно мијте ги рацете (посебно после контакт со инфициран нокт).
  • Проверете дали приборот за маникир/педикир е чист/стерилизиран.
  • Употребата на производите Nailner 2 во 1 ефикасно помага во спречувањето на габичните инфекции на ноктите.

Габичните инфекции на ноктите може да се пренесат од едно на друго лице. Овие инфекции најчесто се наоѓаат на јавни места, на пример: во фитнес центри, други спортски објекти, сауни, базени.

Зошто се појавуваат габични инфекции на ноктите?

Габичните инфекции најчесто ги зафаќаат ноктите на нозете. Главни причини за настанување на габичните инфекции се:

  • стапалата често се топли и влажни, а габичките тоа најмногу го сакаат
  • ноктите на нозете растат побавно
  • стапалата често се изложени на влажни и не дезинфицирани површини на јавни места, на пример во теретани, сауни, базени
  • зголемен тренд на изработка на вештачки нокти (проблемите настануваат кога помеѓу природниот и вештачкиот нокт се акумулира влага)
  • габичните инфекции лесно се пренесува од една на друго лице

Каде можам да купам?

Nailner 2 во 1 лак и пенкало достапни се во аптеките.