Nailner
Nailner > Корисни совети > Од габичките на ноктите не можете да се ослободите за 20 секунди!

Од габичките на ноктите не можете да се ослободите за 20 секунди!

Автор на текстот
Сара Пеплер Дворник, дипломиран козметолог

Габичните инфекции на ноктите се подмолен и долготраен проблем, кој треба да третира веднаш штом го приметите. Инфекцијата започнува неприметно, но со текот на времето прераснува во хронична болест доколку не се лечи. Габичните инфекции на ноктите не само што лошо изгледаат за очите – естетскиот проблем може да предизвика сериозни здравствени компликации. Некои габички се многу опасни во оној момент кога заболените делови преку крвта ќе ја рашират габичната инфекција насекаде.1 Игнорирањето на габичките на ноктите може да биде причина за целосно губење на ноктот.  

Затоа е важно веднаш да се превземат мерки и производите за одстранување на габичките треба да се употребуваат редовно, а пред се и доволно долго. Ако е заболена поголема површина од ноктот потребно е системско лекување, кое трае приближно три месеци. Секако дека е најдобро габичките да не се шират до тој степен и да дојде до системско лекување - антимикотици (лекови за габични инфекции) може да имаат голем број несакани дејства, меѓу кои се гастроинтестинални и проблеми со црниот дроб .3

Ако е зафатена помала површина од ноктот, за одстранување на габичките можеме сами да превземеме мерки со употреба на лак или пенкало кое содржи  состојки кои го спречуваат растот и преживувањето на габичките. Една од тие состојки е  млечната киселина – ја менува pH-вредноста на ноктот од алкална (pH 8) во кисела (pH 2,5). Ниската pH вредност, односно кисела средина го спречува ширењето на габичните инфекции на ноктите и воедно спречува повторна инфекција.

Бидејки ноктите растат споро (на палецот на стапалото ноктот ја израснува целата своја должина за година дена или подолго),третман со производите за одстранување на габичките е неопходно да трае барем неколку месеци – особено ако сакаме габичките целосно да ги одстраниме и да спречиме повторување на инфекцијата.

Треба да знаете дека поради спорото растење на ноктот одстранувањето на габичкните инфекции е долготрајно и видливите резултати не се возможни преку ноќ, а уште помалку за 20 секунди. Ако доволно рано почнеме да превземаме мерки уште при првите знаци на инфекција, за неколку месеци можеме да го вратиме ноктот во првобитната состојба и да спречиме инфекцијата премногу да се рашири.  

ИЗВОРИ:

  1. https://zasrce.si/clanek/gljivicno-okuzbo-noktov-je-treba-zdraviti/
  2. PubMed. Ghannoum MA, Long L, Pfister WR Mycoses. Determination of the efficacy of terbinafine hydrochloride nail solution i the topical treatment of dermatophytosis i a guinea pig model. Mycoses. 2009 Jan;52(1):35-43.
  3. https://www.dnevnik.si/1042734739

Поврзани текстови

5 совети за здрави нокти

Со само неколку промени во својот начин на живот може да спречите габична инфекција на ноктите на нозете и рацете. Да погледнеме неколку совети како да ги заштитите здравите нокти и како да спречите габична инфекција.

Повеќе

Каде можам да купам?

Nailner 2 во 1 лак и пенкало достапни се во аптеките.