Nailner
Nailner > Корисни совети > Препознајте ги промените на ноктите

Препознајте ги промените на ноктите

Автор на текстот
Јасмина Kokol

Дури 50% од сите промени на ноктите се однесуваат на габични инфекции, кои се едни од најчестите причини за овие промени. Онихомикозата е габична инфекција на ноктите која може да ги зафати ноктите на нозете и на рацете. Овој проблем не е опасен по живот, но е непријатен и  понекогаш пропратен со болка. Од 6 до 8 проценти од возрасните имаат габични инфекции на ноктите. Кај лица од 40 до 60 години овој процент се зголемува на 15 до 20 проценти.  Во продолжение ви претставуваме што можат да значат промените на ноктите.

Црн нокт

Има многу причини за црни или потемнети нокти, а најчестa е повреда. Хематом под ноктите се јавува после повреда затоа што ноктот се одвојува од неговото лежиште, а под него се насобира крв. Насобраната крв во затворениот простор под ноктот не само што предизвикува промена на бојата на ноктот, туку и силен притисок кој предизвикува болка. 

Жолта боја на ноктот

Промена на бојата на ноктот е еден од првите знаци на појава на габична инфекција. Жолта боја на ноктите најчесто предизвикуваат габичнитe инфекции или псоријаза на ноктите. Псоријаза на ноктите е обично поврзана со постоечка псоријаза; Само 5 проценти од луѓето развиваат псоријаза на ноктите како изолиран проблем. Жолта боја на ноктите исто така можат да предизвикаат и хронично бубрежно заболување, пушење, лоши животни навики и лакови за нокти. Пред нанесување на лак во боја би требало да нанесете проѕирен лак за нокти. Исто така се препорачува ноктите да ги оставаме да дишат, односно да ги оставиме без лак на ноктите. Ако лакот го носиме предолго, тоа може да биде причина за појава на габична инфекција на ноктите. За да го избегнеме тоа би можеле да користиме посебни лакови за нокти склони кон габични инфекции.

Бели флеки

Бели флеки или ознаки на ноктите би можеле да значат дека има недостаток на калциум во организмот. Меѓутоа поверојатно е да се работи за површинска габична инфекција на ноктите. Во тој случај ноктот може да изгледа се поболно и да добие сива или кафена боја

Задебелување на ноктите на нозете

Со годините ноктите на нозете стануваат се подебели и потврди. Ако тоа почне да се случува кај млади лица, причината е најверојатно габична инфекција или повреда на ноктот. Ноктите често се задебелуваат и како резултат на постојано триење со чевлите, особено кај тркачи на долги стази, фудбалери и лица кои носат премали обувки. Задебелените нокти можат да бидат болни, тешки се за сечење и се послабо пропустливи, затоа е потребно што порано да се започне третманот. Турпијање на ноктите може да предизвика уште поголема штета, затоа е потребно што поскоро да се започне со третманот.

Испукани и кршливи нокти

Ноктите можат да станат кршливи после долготрајна изложеност на вода или хемикалии како што се детергенти и лакови за нокти. Тие се исто така и знак на стареење, па повозрасните најчесто страдаат од габични инфекции на ноктите кои влегуваат во ноктот преку пукнатина. На кршливоста на ноктите можат да влијаат и многу здравствени состојби поради кои ноктите полесно се кршат, пукаат, се делат на слоеви или се лупат. Во некои случаи кај кршливи нокти може да помогне земање на биотин и други витамини, а корисно е и негување на рацете со крема за раце. Nailner помага да се спречи навлегувањето на габичките во ноктите на тој начин што воспоставува средина која не е погодна за развој на габичките, а исто така содржи и состојка за навлажнување која ги хидратира ноктите и ја спречува нивната кршливост.

Болни нокти

Габичната инфекција на ноктите може да биде болна, особено доколку лечењето се започне прекасно. Чести причини за болни инфекции на ноктите се едеми околу ноктите, задебелување на ноктите или потполно одвојување на ноктот од ноктната плоча. Сето тоа може да предизвика непријатно дури и болно носење на обувки, одење или стоење на нозе. Болка исто така предизвикуваат и враснати нокти кои често се последица на неправилно сечење на ноктите, односно наследни особини или неправилно носење на обувки. Враснатите нокти растат во кожата наместо преку нејзе. Тоа е најчесто на палците на нозете, а може да ги зафати и другите нокти. Враснатиот нокт полесно се инфицира и станува црвен, отечен и гнои. Лицата со искривени или дебели нокти како и повозрасните, почесто имаат проблем со враснување на ноктите на нозете.

Поврзани текстови

5 совети за здрави нокти

Со само неколку промени во својот начин на живот може да спречите габична инфекција на ноктите на нозете и рацете. Да погледнеме неколку совети како да ги заштитите здравите нокти и како да спречите габична инфекција.

Повеќе

Каде можам да купам?

Nailner 2 во 1 лак и пенкало достапни се во аптеките.